За живот во Северна Македонија

Friday, April 5, 2019

Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Преспанскиот договор или вчера кога самата се негираше?

Изјава за медиуми
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 05.04.2019


За само неколку дена од кампањата, Гордана Сиљановска, си го покажа вистинскиото лицемерно лице.
Кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска не е чесна пред граѓаните.
Лицемерно до крај, на вчерашниот ТВ дуел, Сиљановска рече дека ќе го почитувала Преспанскиот договор.
После серија на изјави и јавни настапи против Договорот, ладно, пред целата јавност, Сиљановска вели дека ќе го користи уставното име Република Северна Македонија.
Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или вчера кога самата се негираше?

Дополнително, Сиљановска, во истиот ТВ дуел призна дека согласно Договорот од Преспа, македонскиот идентитет е заштитен и потврден, согласно членот 7.
Гордана Сиљановска е иста како Христијан Мицкоски, нечесна, неискрена и лицемерна пред граѓаните. Едно зборува, друго мисли, трето прави.
Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата.



No comments:

Post a Comment