За живот во Северна Македонија

Saturday, February 9, 2019

Успехот на Македонија и членството во НАТО се најголем пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на Македонија и потпишувањето на Протоколот за пристапување во НАТО. Затоа шири лаги.




 Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е крајно лицемерно.
Пред само неколку денови опозициската партија го поздрави потпишувањето на Протоколот, а денеска шири невистини, насочени против Договорот од Преспа еден од условите за влез во НАТО и продолжување на интеграцијата во ЕУ.
До таму отиде криминалното ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Мицкоски што членството во НАТО и напредокот во ЕУ го прогласија за капитулација.
Членството во НАТО ја обезбедува иднина, стабилност и сигурност за граѓаните, за децата и следните генерации.
Членството во НАТО носи безбедност но и инвестиции, поголеми плати, повеќе пари, нови и подобро платени работни места.
Што се однесува до невистините на ВМРО-ДПМНЕ, употребата на новото име Република Северна Македонија согласно Уставните измени и Договорот од Преспа стапува на сила по усвојување на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на парламентот во Грција.
По години изолација, уназадување и поделби, Македонија конечно тргна напред, сврте нова страница на развој, напредок и интеграција. Тој историски успех на нашата татковина е најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски.




No comments:

Post a Comment