За живот во Северна Македонија

Wednesday, February 13, 2019

Веќе сме во НАТО, одговорна партија не би ја загрозилa шансата за почеток на преговори со ЕУ, време е за силна економија

Нашата татковина веќе е дел од НАТО. Постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети.

Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи.
Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.
Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите.

СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.
Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и  демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. 

Фер и слободни избори на кои ќе ЗАГУБИ ВМРО-ДПМНЕ, и тоа ке загуби со голема разлика ,започнувајќи од ГЛАВАТА која прави  деструкција и блокадите одново ке бидат ПОРАЗЕНИ.
На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата, а не како досега само за партиските интереси. 
Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател! Претседател кој ке ја води Република Северна Македонија  !!!

No comments:

Post a Comment