За живот во Северна Македонија

Monday, February 11, 2019

Оперативниот план со рекорден буџет од 1,1 милијарда денари создава шанса за вработување на младите

Прес конференција,
Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата,
Скопје, 10.02.2019





Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Преку серија на мерки што ги презема Владата, се намалува невработеноста, се создаваат услови за отворање на нови работни места, се отвораат шанси за младите.
За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари, односно највисок износ досега.
Мерките од Планот се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис.
Оперативниот план за 2019 година посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.
Со новата мерка во Оперативниот план обезбедените се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера.
Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години. Преку најразлични обуки и прекфалификации овие млади луѓе ќе можат да се вработат.
Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.
Градиме правично, фер општество кое создава шанса за сите.
Мерките од Оперативниот план за вработување даваат реални и одржливи резултати.
Во претходната, 2018 година, Оперативниот план за вработување имаше реализација од 95 отсто.

No comments:

Post a Comment