За живот во Северна Македонија

Friday, April 5, 2019

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што денеска грчкиот воен оркестар за првпат ја свиреше македонска химна

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што за првпат грчки оркестар на настан во Скопје ја свиреше македонската химна.
Секојдневно се потврдува дека македонската химна е признаена од целиот свет, дека државата и армијата се почитувани од соседите од целиот свет.
Дури и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се трајно признаени и потврдени со Договорот од Преспа.

Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Преспанскиот договор или вчера кога самата се негираше?

Изјава за медиуми
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 05.04.2019


За само неколку дена од кампањата, Гордана Сиљановска, си го покажа вистинскиото лицемерно лице.
Кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска не е чесна пред граѓаните.
Лицемерно до крај, на вчерашниот ТВ дуел, Сиљановска рече дека ќе го почитувала Преспанскиот договор.
После серија на изјави и јавни настапи против Договорот, ладно, пред целата јавност, Сиљановска вели дека ќе го користи уставното име Република Северна Македонија.
Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или вчера кога самата се негираше?

Дополнително, Сиљановска, во истиот ТВ дуел призна дека согласно Договорот од Преспа, македонскиот идентитет е заштитен и потврден, согласно членот 7.
Гордана Сиљановска е иста како Христијан Мицкоски, нечесна, неискрена и лицемерна пред граѓаните. Едно зборува, друго мисли, трето прави.
Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата.



Together we stand!

Воените оркестри на Северна Македонија, САД, Грција, Велика Британија, Словенија ни приредија настан чиешто ехо ги надминува сите зборови!. Заедничко интонирање на химните на Северна Македонија и НАТО, по што следуваше извонреден репертоар!Together we stand!

На линкот е прикажан видео клипот

Заедничко интонирање на химните


Wednesday, February 13, 2019

Ние сме НАТО, започнува нова ера на напредок, граѓаните се горди,само ВМРО-ДПМНЕ останува во својата антизападна матрица и деструкција

Кревањето на знамето на НАТО заедно со знамето на нашата Република Северна Македонија  ја одредува иднината на нашите поколенија.


И тоа не само како симболика туку како реалност. Новата страница на сигурна и стабилна иднина е завртена, ние сме НАТО, нацијата се гордее со историскиот успех.

Нашата татковина Република Северна Македонија живее нова ера на слободно, демократско и напредоноопштество на рамноправни граѓани.

Само ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски остануваат заглавени во антизападната матрица и не можат да се помират со остварувањето на стратешкиот интерес – членство во НАТО, Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ останува изолирана во својата антизападна матрица на деструкција и блокади.

Веќе сме во НАТО, одговорна партија не би ја загрозилa шансата за почеток на преговори со ЕУ, време е за силна економија

Нашата татковина веќе е дел од НАТО. Постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети.

Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи.
Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.
Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите.

СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.
Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и  демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. 

Фер и слободни избори на кои ќе ЗАГУБИ ВМРО-ДПМНЕ, и тоа ке загуби со голема разлика ,започнувајќи од ГЛАВАТА која прави  деструкција и блокадите одново ке бидат ПОРАЗЕНИ.
На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата, а не како досега само за партиските интереси. 
Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател! Претседател кој ке ја води Република Северна Македонија  !!!

Tuesday, February 12, 2019

Продолжува грижата за земјоделците, нови програми и поголема поддршка за конкурентно земјоделско производство

Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај земјоделците и развој и унапредување на земјоделството. 
Се надминува долгогодишен проблем со неплатеното грозје на лозарите од Тиквешкиот регион. Државата обезбеди 1.5 милиони евра за исплата на долгот на приватните винарници кон лозарите за предадениот род во периодот 2014 - 2016 година. 
За првпат се воведува мерката „Зелена нафта“ односно кофинансирање на трошоците од 30  отсто за набавка на нафта за земјоделска механизација. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци, а за нејзина реализација обезбедени се 200 милиони денари
Се зголемува поддршката за малите земјоделски стопанства под 1 хектар. Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.
Се зголемуваат и субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари по хектар, а значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз. Финанската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари по хектар со користен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.




Обебзедено е значително зголемување на субвенциите и за сточарите, поледелците и градинарите.  
Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат развој на земјоделството, зголемена конкурентност, сигурен пласман и квалитетно производство.

Monday, February 11, 2019

Оперативниот план со рекорден буџет од 1,1 милијарда денари создава шанса за вработување на младите

Прес конференција,
Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата,
Скопје, 10.02.2019





Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Преку серија на мерки што ги презема Владата, се намалува невработеноста, се создаваат услови за отворање на нови работни места, се отвораат шанси за младите.
За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари, односно највисок износ досега.
Мерките од Планот се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис.
Оперативниот план за 2019 година посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.
Со новата мерка во Оперативниот план обезбедените се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера.
Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години. Преку најразлични обуки и прекфалификации овие млади луѓе ќе можат да се вработат.
Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.
Градиме правично, фер општество кое создава шанса за сите.
Мерките од Оперативниот план за вработување даваат реални и одржливи резултати.
Во претходната, 2018 година, Оперативниот план за вработување имаше реализација од 95 отсто.

За Мицкоски влезот во НАТО е погрешна насока наместо да тажи по Груевски нека се спрема за пораз

  За Христијан Мицкоски членството на Македонија во НАТО било погрешна насока. За него единствена вистинска насока е изолацијата, враќање кон црното минато и сопствениот бизнис со хидроцентралите.
Осамен, заробен во сопствениот мрак, тажи во кабинетот на неговиот ментор Никола Груевски, во скапоцениот дворец, симбол за криминал, деструкции и црнила.
Македонија го доби своето место во НАТО а Мицкоски тажи по Груевски.
Очигледно тагата по Груевски направила Мицкоски да има изгубено чувство за реалност.
Откако 11 години ја уништија економијата заради криминалмни интереси, а државата ја турнаа во изолација, денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират дека Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја враќа државата на вистинскиот пат кон членство во НАТО и ЕУ.
Јасна е разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.
 Растот на просечната плата на 12.000 денари ја отвори спиралата на раст на платите, просечната плата во ноември 2018 е за 5,8 отсто повисока од истиот месец 2017 година. Растат инвестициите има значителен раст во извозот, индустриското производство и бројот на работници во индустријата. Невработеноста опаѓа и изнесува 20,8 отсто со интенција дополнително да се намалува.
Ова се само дел од параметрите што покажуваат дека економијата е стабилна, силна и развојна, а, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.
Потпишувањето на Протолот за пристапување во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ е доказ дека успехот на реформите, визионерството и решителноста на Владата се препознаени од целиот демократски свет.
Граѓаните, нашата држава која наскоро ќе биде Република Северна Македонија, нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат назад во црнилата и изолацијата
Наместо да тажи по неговиот ментор Груевски, Мицкоски нека се подготви за пораз на какви било избори.











Мицковски редиш до сега само катастрофални порази. После пораз на претседателските ПАКУВАЈ СИ ГИ КУФЕРИТЕ !!!!!


Еве кој го потпишал законот за јазици со кој Албанскиот јазик е официјален во Македонија!

Колку да му биде јасно на нашиот Македонски народ ,Кој и Кога го потпиша законот за јазици, за Албанскиот јазик да биде втор официјален !!!




ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВ !!!



                                                                                   


АЈДЕЕЕ, А ШТО БУРЕК ИЗЕДОА

МИЦКОВСКИ ИМ ВЕТИЛ НА БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ПРИФАТИ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА СО БУГАРИЈА


После средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, европратеникот Андреј Ковачев објави текст на Фејсбук со детали од нивната средба.
А ШТО БУРЕК ИЗЕДОА

Денес имав работна средба со претседателот на опозициската партија во македонскиот парламент ВМРО-ДПМНЕ, господин Христијан Мицкоски.
Разговаравме за теми од двостран интерес. Со задоволство заклучивме дека во последно време е прекината практиката за објавување на антибугарски материјали во опозициските медиуми.
Добив и уверување дека партијата веќе гледа позитивно на договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје.
Господин Мицкоски рече дека неговата партија ќе ги прифати сите заклучоци на заедничката академска комисија формирана врз основа на договорот.
Очекувам комисијата во најскоро време да излезе со став за Цар Самуил и Григор Прличев. Прифаќањето на фактите од нашата заедничка историја е неопходен услов за добрососедство.
Се надевам дека наскоро со претседателите на нашите две партии ќе можеме да го почитуваме споменот на нашите заеднички бугарски предци како Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров и десетици други! Посакав успех на Македонија како членка на НАТО и на ЕУ!
Текстот на Андреј Ковачев !!!
Днес проведох работна среща с председателя на опозиционната партия в македонския парламент ВМРО-ДПМНЕ, г-н Християн Мицковски. Обсъдихме теми от двустранен интерес. Със задоволство установихме, че в последно време е преустановена практиката за публикуване на антибългарска материали в опозиционни медии. Получих и уверение, че партията вече гледа положително на договора за добросъседство между София и Скопие. Г-н Мицковски заяви, че неговата партия ще приеме всички заключение на съвместната академична комисия, създадена въз основа на договора. Очаквам комисията в най-скоро време да излезе със становище за Цар Самуил и Григор Пърличев. Приемането на фактите от нашата обща история е незаобиколимо условие за добросъседството. Надявам се в скоро време с председателите на нашите две партии да можем да почетем паметта на нашите общи български предци, като Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров и десетки други! Пожелах успех на Македония като член на НАТО и ЕС!


Saturday, February 9, 2019

ФАКТИ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ

РEГИОНОТ – ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ ОДАТ НАПРЕД!


Во Бугарија, просечната годишна заработувачка на граѓаните се зголеми од 1.463 евра во 2007 година, на 2.903 евра во 2015 година.

Во Романија, заработувачката порасна од 2.397 евра во 2007 година, на 3.485 евра во 2015 година.

Во Словенија, од 6.859 евра во 2007 година се зголемила на 8.726 евра во 2016 година.

Во Хрватска, младинската вработеност се зголемила од 26.4% во 2013, на 43.1% во 2017 година.

----------------------------------------------------------------------------------

Во Бугарија од $11.171 во 2006, порасна на $14.083 во 2008 година веднаш по влегувањето на Бугарија во ЕУ, а во 2017 година достигнува до $20.250.

 

Во Романија од $11.689 во 2006, расте на $16.727 веќе во 2008 година веднаш по влегувањето во ЕУ, а во 2017 година достигнува до $25.775.

 

Xрватска од $21.152 во 2013 достигнува до $23.860 во 2017 година.

 

Словенија од $21.126 БДП по глава на жител во 2003, достигнува до $25.754 во 2005, а во моментот има $34.886 БДП по глава на жител.




НАТО ЗНАЧИ И ЕКОНОМСКА БЕЗБЕДНОСТ

Анализите покажуваат дека економиите на сите земји, по влезот во Алијансата, доживеале драматичен пресврт. Се бележи двојно до тројно зголемување на странските инвестиции, кои значајно го придвижуваат економскиот раст.
Црна Гора, земја-членка на НАТО од Април 2017 година, само за една година бележи двоен раст на инвестициите, од 96 милиони евра на 215 милиони евра во 2018. Исто така, Црна Гора бележи и 25% раст на туристи кои доаѓаат од НАТО земји-членки.

Една година откако стана членка, во Бугарија инвестициите пораснале за цели 36% – од 7,5 милијарди евра во 2004 на 11,5 милијарди евра во 2005.
Тројно зголемување на инвестициите се случува во Естонија, по влезот во Алијансата. 2004 година – 775 милиони евра. 2005 година – 2 милијарди евра.



СТАБИЛНА ЕКОНОМИЈА, НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Македонија ќе биде рамноправна земја-членка во најголемиот и најмоќниот сојуз во светот. За Македонија тоа значи да застанеме на мапата на безбедни и сигурни бизнис-дестинации. Со влезот во Алијансата, би се отвориле и границите за домашниот бизнис со што ќе се подобри животниот стандард на македонските граѓани.
Интеграцијата во НАТО има позитивно влијание врз развојот на инфраструктурата. Ќе се градат нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи. Покрај тоа, членството во НАТО ќе влијае позитивно и врз други сектори како што се информатичката и телекомуникациската индустрија, туризмот и образованието.



Add caption

ПРИДОБИВКИ ОД НАТО

          СТАБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

  • Интеграцијата на Македонија во НАТО ќе значи цврсти државни граници, безбедност и сигурност за нашите деца и за идните генерации.
  • НАТО-алијансата е посветена на паметна одбрана, која се потпира на здружени ресурси помеѓу сојузниците.
  • Преку учеството на АРМ во мировните и хуманитарните операции се овозможува
    практично усовршување на обученоста на единиците, а научените лекции претставуваат големо искуство во планирањето на АРМ.
  • Бришењето на меѓудржавните спорови и зголемената безбедност на границите води кон подобрување на конкурентноста и атрактивноста на земјата за надворешните бизниси. Ова се потврди низ примерите на сите земји што се интегрираа во НАТО изминативе години.



Претседателот на ДИК го демантираше антизападниот Мицкоски, затоа да не бара алиби, го чека изборен пораз на било какви избори

Христијан Мицкоски многу добро знае дека го чека нов пораз, на следните претседателски избори, го чека пораз на било какви избори.
Хидро Мицкоски нема поддршка кај граѓаните, нема поддршка ниту во неговата паретничка група.
Успехот на Македонија и местото во НАТО се неговиот последен и најголем пораз.
Речиси нема ден да помине без при тоа антизападниот Мицкоски или раководството на криминалната ВМРО-ДПМНЕ да не излезе во јавноста брајаќи некакво алиби за изборниот пораз што знаат дека ги чека.
Не Мицкоски, помина времето на кое си навикнат, заврши времето на злоупотреби, изборни манипулации и непочитување на волјата на граѓаните како што правеше твојата ВМРО-ДПМНЕ и твојот шеф Никола Груевски.
Граѓаните знаат дека неосновано бараш алиби за поразот.
Дури и претседателот на Државната изборна комисија, патем предложен од ВМРО-ДПМНЕ, го демнатираше Христијан Мицкоски, јасно акцентирајќи дека ДИК има капацитет да ги организира изборите во најддобар ред.
Сега кога претседателките избори се веќе распишани со сигурност може да се каже дека Мицкоски и неговиот антизападен кандидат ќе бидат поразени на слободни, фер и демокартски избори.

Успехот на Македонија и членството во НАТО се најголем пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на Македонија и потпишувањето на Протоколот за пристапување во НАТО. Затоа шири лаги.




 Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е крајно лицемерно.
Пред само неколку денови опозициската партија го поздрави потпишувањето на Протоколот, а денеска шири невистини, насочени против Договорот од Преспа еден од условите за влез во НАТО и продолжување на интеграцијата во ЕУ.
До таму отиде криминалното ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Мицкоски што членството во НАТО и напредокот во ЕУ го прогласија за капитулација.
Членството во НАТО ја обезбедува иднина, стабилност и сигурност за граѓаните, за децата и следните генерации.
Членството во НАТО носи безбедност но и инвестиции, поголеми плати, повеќе пари, нови и подобро платени работни места.
Што се однесува до невистините на ВМРО-ДПМНЕ, употребата на новото име Република Северна Македонија согласно Уставните измени и Договорот од Преспа стапува на сила по усвојување на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на парламентот во Грција.
По години изолација, уназадување и поделби, Македонија конечно тргна напред, сврте нова страница на развој, напредок и интеграција. Тој историски успех на нашата татковина е најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски.




ВМРО-ДПМНЕ го уништи здравството а денес се обидува да шири неоснована паника, во тек се суштински реформи во здравството

Катастрофалните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациенти и катастрофално лоши услови за работи на здравствениот персонал. Таквиот криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните придонесе да опадне опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет.
Денес Владата и Министерството за здравство ја враќаат разнишаната доверба во здравствениот систе. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Според достапните податоци, досега вакцинирани се над 6000 лица со МРП вакцината. Антинародното ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Микцкоски шират лажни вести и злоупотребуваат трагедии во обид да создадат неоснована паника меѓу граѓаните.Вакцините се безбедни и се со добар рок на траење, од проверен европски производител, со два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија.За разлика од криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во здравството денес Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство спроведуваат уштински реформи кои го унапредуваат здравствениот систем. Растат платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал, се инвестира во нова опрема и возила, изнајдено е одржливо решение за изградба на нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.

Скопје, 09.02.2019 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА