За живот во Северна Македонија

Friday, October 19, 2018

ХАХА ХААААА БОЈКОТИРАЧИТЕ

Стивнаа куртоните и куртон експертите од таборот на Бојкотирачите. Собранието ги изгласа уставните измени со 80 пратеници ЗА и 39 пратеници ПРОТИВ. 


ЗА ПОБЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ГЛАСААА !!!!!!




   БЕТИ КАНЧЕСКА














КРСТО МУКОСКИ



                     



ВЛАДАНКА   АВИРОВИЌ


                             




САШО ВАСИЛЕВСКИ
                                                       




                                                                  


 
 ЉУБЕН АРНАУДОВ


АЈДЕЕЕ, 80 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗМЕНА НА АМАНДМАНИТЕ!!!

АЈДЕЕЕ, 80 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗМЕНА НА АМАНДМАНИТЕ!!!

БОМБА ОД ОСНОВЕН СУД 1 : ЗАТВОР НА ГРУЈЧЕ !!!!!


Потврдената затворска казна од две години за експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и намалената казна од 6,5 на 4,5 години затвор за поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски, денеска стигна во Основниот суд Скопје 1 пред судија за извршување санкции. Печат во Кривичниот суд на пресудата од Апелација е удрен, со што таа стана правосилна, пренесе СДК.
„Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како ‘Тенк’ ,од Апелациониот суд денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката“, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Според законот, од денеска тече рокот од 2 недели кога Груевски треба доброволно да се јави во затворската установа што ќе му ја одреди судијата за извршување санкции од Кривичниот суд. Поповски веќе е на отслужување на својата казна.
Груевски е осуден во случајот „Тенк“ на СЈО, за незаконито влијание во набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“ од безмалку 600.000 евра. Поповски е осуден за истиот случај.
Груевски може да побара одлагање на почетокот на извршувањето на казната (по член 89 од Законот за извршување на санкциите), ако:
  • се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности
  • се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице
  • одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила
  • осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета
  • одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувало
  • заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството
  • е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеца, и ако:
  • е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште.
Груевски и Поповски можат да искористат вонредни правни лекови за преиспитување на одлуката на Апелација, но тоа не го одлага извршувањето на казните. Овие работи тие ќе може да си ги бркаат од затворска установа.
Ако искористат правни лекови од Врховниот суд, судот нема да може да одлучува без да побара мислење од надлежниот јавен обвинител.



ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА : ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ОБЕЗБЕДИЛ 2/3 МНОЗИНСТВО ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, СИТЕ ЌЕ ГО ГЛАСААТ ДОГОВОРОТ!!!

  Собранието обезбеди двотретинско мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани, дознава 1ТВ од собраниски извори. Со ова, се отвора патот за спроведување на Договорот од Преспа за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон членството во НАТО и во ЕУ.
  Пратениците на 61. Седница, на која присуствува и премиерот Зоран Заев, ќе пристапат кон гласање на уставните измени, секој образложувајќи го својот став за гласот, соопштуваат нашите извори од Собранието.
  Изворите на 1ТВ велат и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски.
  Владејачкото мнозинство успеа да обезбеди доволна поддршка, откако по вчерашната собраниска расправа се чинеше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто во своите ровови.
  Ако расправата заврши денеска, се уште не се знае дали ќе се оди на гласање веднаш или тоа ќе биде дополнително закажано. Инаку, пријавени за збор на 61. седница останаа нешто повеќе од десетина пратеници од владејачкото мнозинство, бидејќи пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во средата се откажаа од дискусија и повикаа да се гласа веднаш.
  Собранието на агендата за следната недела има закажано седници на комисии, а за среда е закажано продолжение на 61. седница.

Македонија ги почнува преговорите со НАТО, пратениците да го обезбедат членството преку усвојување на уставните измени

Соопштение за јавност

   Република Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО Алијансата.
   Зборот е збор, од заробена држава до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг.
  Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО.
  Македонија влегува во процесот на преговори целосно подготвена да ги прифати и примени обврските од Договорот од Вашингтон, како основачки акт за НАТО кој ги уредува принципите за членство во Алијансата и со целосна посветеност ќе зеде учество во политиките и структурите на НАТО.
  Патот е отворен, а иднината во НАТО е извесна, Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО.
  Сега, останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
  Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да ја следат мнозинската волја и да обезбедат европка иднина на Македонија.




Скопје, 19.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Kako Gruevski go predade makedonskoto ime i tajno se pazarel za imeto,a glaven pregovarac Mijalkov

  Ova se lujgeto koi sto sega ja obvinuvaat ovaa vlast predvodena od  Zoran Zaev , deka navodno e predator, nevernik i covek koj sto go menuva ustavot na Makedonija. 
  No dragi moi citateli, zalosno e sto nasiot narod seuste veruva vo FAMILIJATA ,no sega predvodena od sledbenikot na NIkola Gruevski, Hristijan Mickoski , koja sto uste pred da dojde partijata SDSM predvodena od segasniot premier Zoran Zaev, dogovara, pregovara  i na kraj seto toa go stava na grbot na segasnata vlast predvodena od Zoran Zaev.

 Na slednite dva linkovi moze da gi slusnete razgovorite za imeto i identitetot na Makedonija kako go dogovaraat vodacite na FAMILIJATA.

https://www.youtube.com/watch?v=vizt5Y-fODg&feature=share

https://www.youtube.com/watch?v=N0-TXxO5LU8



Thursday, October 18, 2018

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се разочарување,пратениците да ги следат државните интереси,Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО

Соопштение за јавност

Отвореното писмо од помошник државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт депаретментот,


 Вес Мичел е последниот доказ дека целиот демократски свет, партнерите и сојузниците на нашата татковина, сакаат да ја видат Македонија како стабилна и безбедна држава, полноправна членка на ЕУ и НАТО.

  Само врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против интеграција и сакаат да ја вратат држава во темното минато на изолација и неизвесност.
  Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се разочарување!
  
  Но, сега секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ има шанса со поддршка на процесот во Собранието, на дело да покаже дека навистина е за членство во ЕУ и НАТО, дека навистина се за остварување на врвните стратешки државни и национални интереси.

  Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и

 Христијан Мицкоски продолжат со своето деструктивно однесување и по секоја цена ја блокираат иднината, тогаш следуваат предвремени парламентарни избори веднаш на кои граѓаните ќе одлучуваат за својата иднина.

   На тие избори, граѓаните ќе гласаат за ЕУ и НАТО и ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство.
Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО без разлика на деструктивното и антидржавно однесување на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија денес почнува преговори за членство во НАТО и чекори кон ЕУ, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја кочи иднината

Соопштение за јавност

   ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години од Македонија направи заробена држава, изолирана и без пријатели во светот, денес, како опозиција продолжува по секоја цена да ја блокира македонската иднина.
     Владата предводена од СДСМ преку започнатиот процес на реформи обезбедува професионална и ефикасна администрација, создава услови за неселективно владеење на правото и силна борба против криминал и корупција.
     Тоа е признаено од целиот демократски свет и јасно наведено и во Извештајот за напредокот на Република Македонија изготвен од Европската комисија.
  
     Денеска, Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО. Нема поголема потврда од тоа за напредокот што Македонија го прави од некогаш заробена држава до држава на прагот на НАТО и ЕУ.




                                                Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО.
   Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.


Debata Hari Lokvenec i Vlatko Gjorcev

Na sledniot link mozete da ja gledate debatata 


https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/350449039033652/