За живот во Северна Македонија

Tuesday, October 3, 2017

(ВИДЕО) Костадинов: После десет години на младите од ДПМНЕ им текна за младите

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ, односно, Унијата на млади сили, одржува трибина на која промовира некакви мерки за младите во Македонија. Замислете, после една декада колку што се на власт, промовираат мерки за младите. Каде беа и што правеа досега?




И на кои млади и за кои млади промовираат. Каква иронија од ВМРО ДПМНЕ. Откако ги иселија младите во изминатите десет години, сега тие што останаа ги лажат, демек ќе било подобро ако и по 11 декември останат на власт, рече портпаролот на ОО СДСМ Струмица, Костадин Костадинов.
„Единственото нешто што направија овие злосторници кои во моментот се внатре во центарот за култура, е што се обидоа да го скријат убиството на Мартин Нешковски, да го остават неразјаснето убиството на петмината кај Смилковско езеро, да ги наполнат руинираните студентски домови со стаорци и лебарки, да обезбедат храна за студентите – сув леб и салама со поминат рок. Ете, тоа го направија за младите. Да не го заборавиме и Диме Спасов и неговото холивудско бегство низ улиците на Скопје. Така ли ги учат младите во Унијата на млади сили чиј претседател беше и Спасов, на неодговорно и неморално однесување?
Да потсетиме дека лошите политики на Никола Груевски и неговите соработници се најголемата причина за иселувањето на младите, како од Македонија, така и од Струмица.
Лицемерно е по цели десет години владеење и уништување на иднината на младите, ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на младите сили да даваат лажни ветувања за подобар живот на младите.
А на следниот линк следува видео записот

https://www.youtube.com/watch?v=vg8ufmwE134&feature=youtu.be

No comments:

Post a Comment