За живот во Северна Македонија

Tuesday, October 3, 2017

(АУДИО) НУКЛЕАРНА БОМБА: Директорот на прилепската болница Петар Ристески снимен како им вели на вработените: Овде не сте вработени оти сте способни, туку преку партија

Порталот Публикум  пренесе дека во нивната редакција пристигнал тонски запис во траење од 28 секунди. Според порталот аписот е направен на еден од состаноците кој директорот на прилепската Општа болница „Борка Талески“ и воедно координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, ги одржува со вработените во пресрет на неделните парламентарни избори.
Како што може да се чуе од краткиот аудио запис, директорот Ристески ги предупредува вработените дека сите тие биле вработени во болницата не затоа што биле способни, туку затоа што биле партиски членови и дека ако биле способни ќе работеле во приватното здравство. Затоа, како што вели Ристески „да не си дозволиме да имаме проблеми“.
Интегрален текст од аудио записот:

„Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…“
-Тонскиот запис кој го чувте ќе биде доставен до МВР и до Државната комисија за спречување на корупција -пренесува Публикум.
А тука можете да го слушнете тонскиот запис на кој што јасно се слуша како им  објаснува на ''вработените со титули 'ДОКТОРИ И СПЕЦИЈАЛИСТИ ''' дека без никаков проблем можат да си најдат работа во врвните болници во Македонија па и во СВЕТОТ....:)))) Затоа што се многу способни !!!!
На линкот можете да го преслшате..  

No comments:

Post a Comment