За живот во Северна Македонија

Saturday, October 7, 2017

ВМРОВСКИТЕ КРАДОНАЧАЛНИЦИ НЕМА ДА ГИ ДОЧЕКААТ ИЗБОРИТЕ НА СЛОБОДА: МВР поднесе кривична пријава против Арсенчо Алексовски и уште две други лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Драган Ристовски, Арсенчо Алексовски и Борче Стојчевски, сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со став 1 и 2 во врска со член 22 и член 45 од Кривичниот Законик на Република Македонија, информираше МВР.
Во периодот од февруари 2014 година до 10.06.2017 година, пријавените со неизвршување на својата службена должност овозможиле на родители на ученици од ул. „Единство“ и место викано „Лепојки“ во Крива Паланка  да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 277.120 денари. 
Во наведениот период Драган Ристовски во својство на директор на ООУ “Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка и Арсенчо Алексовски во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, и Борче Стојчевски во својство на претседавач на Советот на општина Крива Паланка по претходно спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка (превоз на ученици), склучиле Договор со избраниот најповолен понудувач АД “Пролетер“ од с.Конопница, кривопаланечко, во кој било предвидено квалитативна контрола на училишниот превоз да врши набавувачот -Општина Крива Паланка, преку Овластено лице од директорот на ООУ„Јоаким Крчовски“ Крива Паланка и преку овластен инспектор за патен сообраќај, како и од Комисија формирана од членови на Општина Крива Паланка и претставници од образовните установи.

Од страна на пријавените не било постапено согласно договорот. Не била формирана ниту една Комисија, не била извршена ниту една контрола, не бил назначен инспектор за патен сообраќај, не бил изготвен ниту еден Записник, иако превозот на ученици се одвивал без да бидат исполнети законските услови – местото на живеење на учениците не им е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште т.е. живееле поблиску и користеле бесплатен превоз. Пријавените со неизвршување на својата службена должност овозможиле родителите на учениците од  Ул.„Единство“  и место викано „Лепојки“ во Крива Паланка да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од околу 277.120 денари, за кој што износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија, информираат од МВР.

Почитувани сограѓани, Ве покануваме на централниот митинг на СДСМ во Скопје, на 08.10.2017 (недела). Организиран превоз и тргнување од Прилеп во 13:30 часот пред хотел Скопје.


Божиноски : Со Груевски и Ристески e можна само ера на криминал, корупција и насилство

Почитувани граѓани,
Со Никола Груевски и Марјан Ристески е возможна само ера на криминал, корупција, насилство и изолација.
Завршува концпетот на „Миле ми текна“, „џабалак плацеви“, „че има пиштење и вриштење“ „хилти“ и „упади во Прилеп“.
Затоа не се пожелни во градот херој!
Никој повеќе не верува на лажните ветувања на Ристески и неговиот ментор Груевски, зад кои се кријат само лични интереси и злоупотреби на парите од граѓаните.
Коруптивното и криминално трошење на пари од касата на општина Прилеп, е констатирано во Ревизорскиот извештај за 2015 година, за што се поднесени кривични пријави и веќе се интересираат полицијата и Основното јавно обвинителство.
Прилепчани се уште очекуваат одговор од Марјан Ристески, за наводите од Државниот ревизор дека недостасува сметководствена евиденција за побарувања од 90 милиони денари, или за скоро 1.5 милион евра пари од касата на општина Прилеп.
Целата јавност дозна дека од општинската благајна се подигале пари за патни и дневни трошоци, без евиденција кој износ за што се подига, за какви потреби и за кое лице.
Се набавувала нафта за греење без евиденција за прием на горивото.
Скулптурата на „Крали Марко“ чија проценета вредност е околу 4 милиони денари,  градоначалникот ја платил дупло, односно околу 8 милиони денари.
Се исплаќал превоз на ученици до училиштата без спроведена постапка за јавни набавки, и ред други сомненија за злоупотреби со општинските пари, што се констатирани во извештајот од Државен завод за ревизија за 2015 година.
Ета вака се трошеле парите на граѓаните.
Почитувани сограѓани,
На 15 октомври завршуваат злоупотребите со парите на граѓаните.
Завршува времето на крадоначалниците на Никола Груевски!
Ние нудиме концепт за враќање на животот во нашата општина.
Нов градоначалник, нова одговорна и домаќинска власт, за живот во Прилеп за сите.

ОЛИВЕР ПОЧНА ДА АПСИ ВМРОВЦИ, ЌЕ ИМА ЛИ МЕСТО ВО ЗАТВОРИТЕ: МВР во акција, приведена поголема група осомничена за давање нелегални субвенции



Вчера утро Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе опсежна акција во која беа приведени 20 лица осомничени за давање нелегални субвенции.
Станува збор за државни службеници кои откако се приведени се изведен пред Судија на претходна постапка на распит во скопскиот кривичен суд. Тие се сомничат дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции.
Вчера во истражниот затвор во Шутка биле спроведени: Соња Поповска од Гевгелија,
Елена Олумчева од Богданци (случајно или не, исто презиме со градоначалничката на Богданци (Анастасија Олумчева), Гордана Матева од Валандово, Митко Велков
Владимир Столевски од Скопје
Денес домашен притвор е одреден за:
Митко Басов…
Кривични пријави за злоупотреби при делење државни субвенции заработиле вкупно 24 лица!



(ФОТО) ФИЈАСКО НА ГРУЈО И ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП, ВМРОВЦИ НА МЕТРО РАСТОЈАНИЕ, МАЦКО ЧЕ СИ ЛЕЖИ ЗАЕДНО СО ГРУЈЧЕ ВО ШУТКА!


Thursday, October 5, 2017

Panta rei и потсетување до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

 Tочно пред една година во октомври се обратив во името на македонската дијаспора како тогашен пратеник од И.Е.9 и укажав на потребите на македонската дијаспора. Сега Ве потсетувам сите Вас коишто не верувавте во тоа дека на следните избори македонската дијаспора нема да има своj претставник, ете се случи и тоа.
Тогаш многумина ме етикетираа дека сум скептик, а сепак излезе вистинито и сега ДПМНЕ е со минус 3 пратеника од дијаспората во Собранието на Република Македонија, што за жал го чини многу скапо, а цената е опозиција.
Покрај истото укажување за дијаспората, исто така укажав и за погрешните политики коишто ги водеше и сеуште ги води актуелното (малку освежено) партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а сепак не признава за истото. Беше укажано за сé поголемото незадоволство во самата партија и меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и уште тогаш прашав „Зарем ќе останеме слепи и глуви, зарем незадоволството на народот ќе го скриеме под тепих и после тоа ќе бидеме изненадени?“ Токму тоа се случи на 27 април 2017 година и сега кој е виновен?!
Ви се обраќам бидејќи сеуште сте лидер на ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека сте доблесни да организирате предвремен партиски конгрес и со тоа да дадете неотповиклива оставка од партијата како Претседател и да запомните дека без секој се може и секој е менлив, само ВМРО е идеологија и тоа постоело, постои и ќе пости.
Затоа ќе Ве потсетам на Хераклит од Ефес и ќе Ви биде јасно што значи ПАНТА РЕИ.
Знам дека е доцна, но сепак да се проба да се спаси она што може да се спаси додека не сме доживеале пораз на претстојните локални избори. Со губење дури и на една општина, односно ако повторно ВМРО-ДПМНЕ не го освои истиот број општини со градоначалнички и советнички места ќе се смета за пораз, а не победа.
Доколку ова се случи, тогаш навистина е време за РЕФОРМИ во ДПМНЕ затоа што има доволно чесни македонци коишто можат да бидат нови лидери во ДПМНЕ и да ја продолжат идеологијата којашто со векови е стремеж на македонскиот народ.
Васко Наумовски

(ФОТО) Шешељовци су опет побјегли јел су НЕВИЃЕНЕ ЛОПУЖЕ!
























Кандидатот за локалните избори од СДСМ -Прилеп, господин Илија Јованоски на својата фан страна изјави:

Почитувани граѓани, трет пат прифатив ТВ соочување, овој пат на ТЕЛМА ТВ. И по трет пат Маријан Ристески побегна од дуел. Не ги почитува граѓаните. За таквите политичари веќе нема место во Прилеп. 


КОЗАРОТ МИЛЕНКО ПЛАЧЕ, РИКА: Леле, три години како Грујо и ВМРО ДПМНЕ тонат и тонат, се што кажа Заев се оствари, се што кажа Грујо, излажа!!!


Миленко рика, плаче, квиче на својот портал, Дудинка.орг:
Три години минаа од кога започна стрмоглавиот пад на Никола Груевски и тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Еве, веќе три години, живееме како држава и граѓани во тотален хаос.
Уште тогаш напишав реченица која сеуште важи: “Ако не си апсел, ќе те апсат“.
Крајно поразително е сознанието дека од тогаш наваму се‘ што кажа Зоран Заев се исполни. А спротивно, се‘ што кажа Никола Груевски – не!
Целата колумна на следниов линк ОВДЕ.

(ВИДЕО) ГРУЕВЦИ СИ НАЈДОА НОВИ ГРЕВЧИЊА ДА ОДГЛУМАТ ЖРТВА ОТКАКО МАЈЧЕ И РАСПЛАКАА НА ДРЖАВАТА


АЈМО НАРОДЕ СИТЕ ЗАЕДНО: ИВИЦА КОЊЕВСКИ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ ГИ ТУЖИ СИТЕ ШТО ЌЕ ГО НАРЕЧАТ КРИМИНАЛЕЦ НА ФЕЈСБУК И ТВИТЕР!!!



ГРУЕВЦИ СЕ ПОД ГОЛЕМ СТРЕС, ЗОШТО ЛИ Е ТАКА?! НА ТРАЈКО ДЕНЕСКА МУ СЕ СЛОШИЛО…



















Ова е само неколку часа откако случајот Смиљковско Езеро падна на суд и се враќа на повторно судење?!?!

Градиме современа депонија со можност за производство на биогас

Почитувани сограѓани,
Драги прилепчани,
 На лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески му дојде крајот.  Веднаш откако дојде на власт ја спречија изградбата на регионална депонија, проект на СДСМ вреден 22 милиони евра и најавија изградба на локална депонија.


 Но, и по 12 години, овде како што може да видите се наоѓа истата депонија, која што е извор на зараза.
 ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески не водат сметка за парите на граѓаните кои многу лесно и ненаменски ги трошат. Наместо изградба на компостара која што ја ветуваат со години, во терминалот 6 години лежи, рѓосува, линијата за секундарна селекција на отпад. А, примарната селекција не е завршена, зашто не се набавени нови канти за отпад.
 Но, да не го трошиме времето на неуспешните. Јас како иден градоначалник на Прилеп со новата локална власт и со ваша поддршка на истото ова место, ќе изградиме современа депонија согласно сите европските еколошки стандарди.
  Ќе изградиме фабрика за рециклирање на неоргански отпад. Соодветно ќе биде складиран органскиот отпад, што вклучува цевководен систем за одведување генериран метан.
 Во втората фаза генерираниот метан, поточно биогас, ќе се компримира и ќе се користи за мини производство на електрична енергија во нашата локална средина. Ова значи заштеда за општината и повеќе пари за сите граѓани.
Отпадот е суровина, и ние ќе го искористиме!
Ќе ги расчистиме сите диви депонии.
Ќе набавиме нови возила за собирање смет и за метење на градските улици.
 Ќе поставиме подземни контејнери во централното градско подрачје за елиминација на конвеционалните контејнери, од кои се шири голема нечистотија и непријатен мирис.
Почитувани сограѓани,
Чистата животна средина е наш императив.
Сите овие проекти ќе бидат стварност во урбан Прилеп, со ваша поддршка.
На 15 октомври за чист Прилеп, заокружете го бројот 19.
Во Прилеп ќе има живот за сите.

Директорот на прилепски Комуналец ќе одговара за злоупотребите!!!

Почитувани граѓани,
ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески со својот братучед, Златко Ристески, досега требаше да си поднесат оставки за сите направени злоупотреби.
Но, затоа што немаат совест, тие ќе мора да одговараат пред законот, за пропаста на ЈКП „Комуналец“ и самоволието што го спроведуваат веќе 12 години во ова Јавно претпријатие.
Директорот на Комуналец, Златко Ристески, ја избегнува исплатата на ДДВ. Ова јавно претпријатие има долг кон Управата за јавни приходи во висина од 25 милиони денари.

Иако примарната селекција за отпад не е завршена, Златко Ристески, пред 4-5 години набави линија за секундарна селекција за отпад во вредност од 15 милиони денари за која лажно ветија дека ќе почне со работа за 2 месеци.
Истата таа линија за селекција на отпад, лежи и рѓосува веќе 4 години во кругот на фабриката. Да работеше изминативе 4 години, парите инвестирани во истата, ќе беа повратени.
Сега Марјан Ристески, по којзнае кој пат, за ситни политички поени ја промовираа истата оваа линија, иако таа се уште лежи неискористена.
Братучедите Марјан Ристески и Златко Ристески за да си ја загарантираат својата позиција, и да си обезбедат само личен бенефит за овие 12 години, ЈКП Комуналец го претворија во партиска подружница на ДПМНЕ. За трипати го зголемија бројот на вработени, иако обемот на работа не е променет.
Златко Ристески, само во последниве 7-8 години, има потрошено околу 20 милиони денари адвокатски и судски трошоци од тужби од неговите вработени, кои го тужат затоа што противзаконски им ги крати работничките права, што им се загарантирани со Закон за работни односи и колективниот договор.
Иако Управниот одбор на ЈКП Комуналец носи одлуки со кои го задолжува директорот да ги исплати сите овие надоместоци од плата, кои им следуваат на вработените, Златко Ристески, го избегнува тоа и предизвикува судски спорови што редовно ги губи, несовесно трошејќи ги парите на граѓаните.
Златко Ристески, веднаш да одговори, дали во својата фиока чува добиени судски пресуди за неплатени сметки од граѓани, во износ од околу 19 милиони денари?
Почитувани граѓани, со сето ова, братучедите Марјан и Златко Ристески, се обидуваат да си ги зачуваат своите добро платени позиции, на сметка на граѓаните. Впрочем, тие водат сметка само за лични интереси.
Новата локална власт со идниот градоначалник Илија Јованоски, ќе работи транспарентно и одговорно, чесно и домаќински. Зашто, вие граѓаните мора да знаете каде се троши секој ваш денар.

Затоа на 15 октомври, заокружете го бројот 19, за да ставиме крај на сите злоупотреби и да го вратиме животот во Прилеп.

Ви благодарам.

Tuesday, October 3, 2017

(ВИДЕО) Јованоски: Го враќаме епитетот Прилеп најспортски град

„Го враќаме епитетот најспортски град во државата!
Со програмата „Живот во Прилеп, за сите“, го афирмираме спортот како здрав начин на живот за младите луѓе, преку серија на мерки и проекти.
На линкото подолу погледнетего видеото

-Целосно ќе ја реновираме старата „Соколана“, овој објект пред којшто стоиме, вам добро познатата сала „Партизан“,
-Ќе го обновиме разурнатиот планинарски дом на преминот „Дервен“,
-Ќе изградиме спортско – рекреативен центар „Вештачко езеро“, каде што ќе изградиме трим патека и велосипедски патеки,
Ќе изградиме спортска сала во Основното училиште „Кире Гаврилоски- Јане“ и ќе формираме Совет за спорт во Прилеп.
Во соработка со Владата на РМ градиме здравствен спортско – рекреативен центар во сала Македонија со покриен базен.
Како нова локална власт ќе фокусираме на училишниот спорт.
За правилен раст и развој на децата воведуваме „Наставник по физичко уште од 1-во одделение“, со што на учениците ќе им се овозможи рано совладување на основни спортски вештини и добра координација на движење, како и рана детекција на таленти и нивно правилно насочување.
Ќе го зголемиме процентот од буџетот што е наменет за спортот и ќе обезбедиме финансиски стимулации за фирмите, кои што инвестираат во спортот. Средствата наменети за спорт ќе се распределуваат со учество на спортските работници.
Општината ќе ги покрива трошоците за користење на спортските објекти од страна на спортските субјекти и клубови.
Општината заедно со Владата ќе овозможи изградба на нови спортски објекти, инфраструктура за спортови на вода, како и нови реквизити за индивидуални спортови.
Ќе ги возобновиме и „Малите олимписки игри“ на локално и национално ниво. Во рамките на таа поддршка ќе овозможиме и стипендирање на младите спортски таленти, за да се искористи целосно нивниот потенцијал.
Спортистите, клубовите и спортските работници ќе добијат професионален третман и квалитетни услови за развој.
По промената на локалната власт, спортот ќе биде еден од главните приоритети“, изјави кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Илија Јованоски.

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО МУ СЕ СЛУЧИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СВ.НИКОЛЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ЦЕЛ ГРАД ГО ИСВИРКА И ПЦУЕШЕ

На следниот линк можете да го погледнете видеото

https://www.youtube.com/watch?v=INhEFMyqfdg&feature=youtu.be

И ОФИЦИЈАЛНО ДЕНЕС ЗАПОЧНА КОШМАРОТ НА ГРУЕВЦИ И ТОА ОД СУДНИЦАТА : Почнаа заштитните сведоци да сведочат против нив, има да скапат по затворите!!!

Маја Камнаровска-Столевска, секретарка од тајната полициска база „Брест“ за која денеска се дозна дека е локацијата каде се уништувала сета документација и опрема од предметот на СЈО под кодното име „Тврдина 2“, пред судскиот совет на скопска единица на големо чудење на нејзините колешки и нивните адвокати, го смени исказот кој претходно го дала како сведок во СЈО.
Таа е обвинета во овој случај. Откако пред судскиот совет на прашањето на нејзиниот адвокат одговори различно, менувајќи го исказот од тој што своевремено како сведок го дала во СЈО, бурно реагираше нејзината колешка Александра М., исто така обвинета во овој случај со зборовите „Не е така, лаже“, викна таа целата сцрвенета во образите. Нејзе мораше да стане и да ја смирува нејзиниот адвокат Љупчо Шврговски велејќи и „ти ќути си“.
Маја Камнаровска-Столевска е првата од шесте жени од УБК кои во својство на обвинети за случајот „Тврдина 2“ денеска дадоа исказ пред скопска единица за овој случај. Пред СЈО, Камнаровска-Столевска изјавила дека во црните ќеси кои од УБК биле донесени во нивната база „Брест“ за уништување имало патни налози, барања за боледување, разни службени хартии и во 2015 година му била секретарка на Ванчо Н., тогашен началник на базата.
– Бев известена дека ќе дојде Комисија од Скопје која ќе носи материјали за уништување. Тие беа во црни ќеси. Не знам што имаше внатре. Откако мина постапката, колешката Дијана ми рече да се потпишам на задната страна од записникот како лице кое присуствувало на уништувањето со тврдење дека тоа така било пракса и за другите секретарки. Јас се потпишав оти видов дека и другите две колешки секретарки истото го сториле – рече Камнаровска-Столевска.
Повеќе за оваа сторија ќе прочитате на порталот Плусинфо ОВДЕ
На следниот линк можете да го погледнете видео записот
https://www.youtube.com/watch?v=LI62zOS1LZU&feature=youtu.be

ГРУЈО И МИЛЕ МИ ТЕКНА МОЖЕ ВОДА ДА МУ НОСАТ НА ОВИЕ ТЕНДЕРАШИ – ДОЈДЕТЕ КАТО, ЛЕНЧЕ, ФАТИМЕ И ЦЕЛО СЈО ДА ГО ВИДИТЕ ОВА ДОЛГО РАЧЕ НА ИНГИЛИЗОВИ- Mиле Талевски : Мајката на Гоце Ингилизов добила тендер од 300.000 евра за реконструкција на градски стадион

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,
Заштитното градежно друштво за изградба, производство, трговија и услуги „Новоградба“ ДООЕЛ Прилеп е фирмата која за сума од приближно околу 300.000 евра, врши реконструкција со доградба на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Сопственик на „Новоградба“ е Милка Ингилизова, мајка на директорот на ФК „Победа“ и сопственик на 20% од акциите на клубот, Гоце Ингилизов и кума на прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
Постапката за доделување Договор за јавна набавка за реконструкција на Градскиот стадион во Прилеп ја распиша Општина Прилеп, а средствата во висина од 750.000 евра се донација на УЕФА.
Ова е уште една потврда дека по теркот на Груевски и “фамилијата“, и Прилеп си има своја “фамилија“ без чие знаење и дозвола не смеел да помине ниеден поголем бизнис во градот.
Како да било малку што со донација на топлотна пумпа од 5.000 евра кумот на Марјан Ристески, Гоце Ингилизов, станал еден од сопствениците на прилепскиот спортски бренд ФК „Победа“, туку морало и бизнисот од 300.000 евра за реконструкција на стадионот да го добие неговата мајка, Милка Ингилизова.
Почитувани граѓани,
Еве како цели 12 години функционирале бизнис интересите на прилепската “фамилија“ на чело со Марјан Ристески. Кумови, братучеди, вујковци, чичковци на функционери од Општинскиот комитет на ДПМНЕ се вработувале, добивале тендери и го ширеле личното богатство. Прилепската локална самоуправа била легло на непотизам и корупција.
Токму поради ваквите крајно сомнителни јавни набавки во кои при нивната распределба преовладувале фамилијарните врски на Марјан Ристески, до Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени барања за ревизија на материјално финансиското работење на „Новоградба“ ДООЕЛ Прилеп.
Истата постапка за утврдување на законитоста во работењето ќе биде спроведена и во ФК „Победа“ АД Прилеп и во Здружението за спорт и култура „Манкис“ 2015 Прилеп.
Новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски ќе им овозможи еднаков третман на сите фирми кои ќе учествуваат на огласите за јавни набавки распишани од страна на Општина Прилеп.
Во Прилеп ќе има живот за сите!
Прес конференција на носителот на листа на СДСМ, Миле Талевски

(ВИДЕО) Илија Јованоски : Градиме спортско-рекреативен центар со затворен базен во сала Македонија

Почитувани граѓани, драги прилепчани,
Ова е објектот што Марјан Ристески, 12 години го остави на забот на времето и ништо не направи.
Ние сме овде пред сала „Македонија“  да го промовираме новиот проект кој ќе се вика: „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен и токму ќе биде направен на ова место.
Овај центар ќе биде наменет за сите граѓани на Прилеп, и тоа за деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Вториот дел ќе биде наменет за рекреативни пливање, фитнес центар и колективна гимнастика. Зошто е битен оваj центар, 25 проценти од децата на школска возраст од 6 до 18 години имаат искривен рбет. Хидро терапијата е најдобра докажана метода за корекција на оваа деформација, затоа ние посакуваме да имаме здрави и исправени деца.
Почитувани сограѓани, сите сме овде да дадеме нов живот на Прилеп и на младината во Прилеп.
На следниот линк можете да го погледнете видео записот на идниот градоначалник Илија Јованоски на град Прилеп 

(ВИДЕО) Костадинов: После десет години на младите од ДПМНЕ им текна за младите

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ, односно, Унијата на млади сили, одржува трибина на која промовира некакви мерки за младите во Македонија. Замислете, после една декада колку што се на власт, промовираат мерки за младите. Каде беа и што правеа досега?




И на кои млади и за кои млади промовираат. Каква иронија од ВМРО ДПМНЕ. Откако ги иселија младите во изминатите десет години, сега тие што останаа ги лажат, демек ќе било подобро ако и по 11 декември останат на власт, рече портпаролот на ОО СДСМ Струмица, Костадин Костадинов.
„Единственото нешто што направија овие злосторници кои во моментот се внатре во центарот за култура, е што се обидоа да го скријат убиството на Мартин Нешковски, да го остават неразјаснето убиството на петмината кај Смилковско езеро, да ги наполнат руинираните студентски домови со стаорци и лебарки, да обезбедат храна за студентите – сув леб и салама со поминат рок. Ете, тоа го направија за младите. Да не го заборавиме и Диме Спасов и неговото холивудско бегство низ улиците на Скопје. Така ли ги учат младите во Унијата на млади сили чиј претседател беше и Спасов, на неодговорно и неморално однесување?
Да потсетиме дека лошите политики на Никола Груевски и неговите соработници се најголемата причина за иселувањето на младите, како од Македонија, така и од Струмица.
Лицемерно е по цели десет години владеење и уништување на иднината на младите, ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на младите сили да даваат лажни ветувања за подобар живот на младите.
А на следниот линк следува видео записот

https://www.youtube.com/watch?v=vg8ufmwE134&feature=youtu.be

(АУДИО) НУКЛЕАРНА БОМБА: Директорот на прилепската болница Петар Ристески снимен како им вели на вработените: Овде не сте вработени оти сте способни, туку преку партија

Порталот Публикум  пренесе дека во нивната редакција пристигнал тонски запис во траење од 28 секунди. Според порталот аписот е направен на еден од состаноците кој директорот на прилепската Општа болница „Борка Талески“ и воедно координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, ги одржува со вработените во пресрет на неделните парламентарни избори.
Како што може да се чуе од краткиот аудио запис, директорот Ристески ги предупредува вработените дека сите тие биле вработени во болницата не затоа што биле способни, туку затоа што биле партиски членови и дека ако биле способни ќе работеле во приватното здравство. Затоа, како што вели Ристески „да не си дозволиме да имаме проблеми“.
Интегрален текст од аудио записот:

„Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…“
-Тонскиот запис кој го чувте ќе биде доставен до МВР и до Државната комисија за спречување на корупција -пренесува Публикум.
А тука можете да го слушнете тонскиот запис на кој што јасно се слуша како им  објаснува на ''вработените со титули 'ДОКТОРИ И СПЕЦИЈАЛИСТИ ''' дека без никаков проблем можат да си најдат работа во врвните болници во Македонија па и во СВЕТОТ....:)))) Затоа што се многу способни !!!!
На линкот можете да го преслшате..