За живот во Северна Македонија

Thursday, September 7, 2017

Заев ќе биде покровител на петтата Конференција на децата бегалци од Егејска Македонија

  Покровител на петтата Конференција


Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, примија делегација претставници од Сојузот на здруженијата на Македонци од Егејска Македонија, од Здружението на Македонци потомци од Егејска Македонија, како и претставници од Здружението "Незаборав" од Струмица.

Делегацијата официјално го покани премиерот да биде покровител на петтата Конференција на децата бегалци од Егејска Македонија, која е планирана да се одржи од 19 до 21 јули следната година во Скопје.

Премиерот Заев истакна дека прифаќањето на оваа покана за него значи афирмација на соработка на Владата на Република Македонија со Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија.







Содржината е превземена од vecer.mk


No comments:

Post a Comment