За живот во Северна Македонија

Monday, September 11, 2017

Премиерот Зоран Заев најави амнестија на затворениците по посетата на Идризово

Амнестијата на дел од затворениците која се заговараше во предизборниот период ќе се реализира и за тоа биле почнати активности, објави денеска премиерот Зоран Заев кој беше во затворот „Идризово“.
Заев го посети Идризово на „покана“ на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

– Овде нема минимум услови за издржување на казна… Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори со нехумани и супстандардни услови, под секое човечко достоинство. Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура – изјави Заев по обиколката на затворот.
Во „Идризово“, казна издржуваат 1.800 затвореници, а капацитетот на затворот е за 800 луѓе..
Заев изјави дека Владата преку медиумите ќе се обиде да поттикне дебата во општеството за итно подобрување на условите во затворите.
Како една од опциите, за растоварување на пренатрупаноста во „Идризово“, тој ја наведе амнестијата на дел од осудениците, преку укинување на 30 отсто од вкупната казна или преку други за кривичните дела за кои постои таква можност, но, не и за тешките облици на криминал, како педофилија или злостроства против човештвото.
Заев рече дека за амнестијата веќе била почната дебата внатре во институциите.
Според планот, некои делови од „Идризово“ требало да се урнат бидејќи било невозможно да се реновираат









 Izvor od  revolucionermk.com

No comments:

Post a Comment