За живот во Северна Македонија

Monday, September 4, 2017

Ниту една лажна анкета нема да им помогне на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се спасат од убедливиот пораз на локалните избори

                 

                                                     Убедлив пораз



   Нарачаните и наместени анкети реализирани од партискиот институт Павел Шатев за кој целата јавност знае дека е партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат фактот дека СДСМ и коалицијата се убедливи фаворити на претстојните локални избори.                                              

                                         Груевски и Фамилијата
  






 Очајничките обиди на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за пласирање на лажни вести и лажни анкети веќе не минуваат. Ниту една лажна анкета нема да им помогне на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се спасат од убедливиот пораз на локалните избори. Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу новите вредности и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ и криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на централно и на локално ниво.
   Најпрецизната анкета ќе се спроведе на 15 октомври кога граѓаните во сите општини ќе му испорачаат пораз на ВМРО-ДПМНЕ и масовно ќе дадат поддршка на кандидатите од редовите на СДСМ и коалицијата.










Скопје, 03.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

No comments:

Post a Comment