За живот во Северна Македонија

Friday, September 29, 2017

Илија Јованоски Создаваме отворена и услужна општина за секој граѓанин

Почитувани,
Прилеп ќе биде отворена и услужна општина за сите граѓани!
Создаваме Локална самоуправа во која,секој граѓанин ќе добива навремени, квалитетни и евтини услуги.
Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници.Ги опремуваме со техничкиуслови и го зајакнуваме нивниот правен статус.
Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едноместо, и од органите на локалната, и од органите на централната властво современи центри за услуги.
Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии,во кои се нудат услуги во секое село.
Граѓаните ги вклучуваме во креирањето на буџетот,во носењето одлуки и во контролата на власта. Сите петиции, граѓански иницијативи, предлози и амандмани, ќе бидат на дневен ред на новата локална власт!
Ги уверувам своите граѓани дека средствата што ги дале од својот џеб ќе бидат вложени во унапредување на општата благосостојба во Прилеп и квалитетен живот за сите.
Буџетските средства ќе се користат строго наменски,транспарентно, домаќински и одговорно! Граѓаните редовно ќе бидат информирани за сработеното.
Обезбедуваме ефикасен јавен превоз и бесплатен превоз за пензионерите, секој ден од 9 до 11 часот.
Градиме две нови детски градинки и ги подобруваме условите за згрижување и воспитување на децата. Тоа е наша цел.
Со проектот гасификација овозможуваме евтино греење и настава во топли училници во студените зимски денови за сите ученици.
Обезбедуваме бесплатен училишен прибор за сите првачиња. Градиме квалитетни генерации со вистински вредности.
Нудиме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби. Градиме едно општество за сите со почит кон секого.
Почитувани прилепчани,
Вратите на Општината се отворени за Вас, за вашите идеи и планови, но и за Вашите проблеми кои итно ќе ги решаваме.
Во Прилеп ќе има живот за сите!
На ова видео може да го погледнете говорот на Илија Јованоски


ОТКАКО СО ПОМОШ НА ВМРОВСКИ СИЛЕЏИЈА ИМ ГИ СВИТКА ЗГЛОБОВИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ПРИЛЕП, ДИРЕКТОРКАТА НА ДОМОТ СЕГА ЌЕ ЈА ОПРАВА ГРАДСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА!!!


     На овој линк ќе го погледнете видеото како директорката Ирена Стерјовска-Локвенец се "Подготвува да ја изгради инфраструктурата во Прилеп"

https://www.facebook.com/357745550980919/videos/1493349727420490/

Ирена Стерјовска – Локвенец е директорката на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп каде пред неполни четири месеци четири вработени во домот и поднесоа кривична пријава за кривичното дело „Малтретирање во вршење на службата“ каде на своето работно место од вмровски силеџија наводно вработен во домот за стари лица со цел да и ја одземе картичката била физички нападната Љубица Мирческа, која е една од четирите подносители на пријавата против оваа директорка.

Откако ги реши вработените со свиткани зглобови и трауми директорката Ирена Стерјовска – Локвенец сега ќе ја оправи и инфраструктурата на Прилеп, иако не се знае како тоа практично ќе го изведе откако ќе заврши со купишта кривични пријави од вработените во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп.
Погледнете ги само овие неколку траорни сведоштва на дел од вработените во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп каде се случувало вистински хорор од страна на директорката Стерјовска и партиските насилници на ВМРО-ДПМНЕ ангажирани во самиот дом за кој во дел од сведоштвата се вели дека не се знае конкретно како што е насилникот вработен во домот, како шофер на директорката, стражар или обезбедување…
  • „Доаѓајќи на работа, само што се најавив и ја отчукав картичката, без никаков повод ме нападна Јане Милошески, кој е исто така вработен во Домот. Бараше да му ја дадам картичката која мојата колешка Цвета Колеска претходниот ден ја изгубила спремајќи се да си оди дома. Почна да вика, ми ја фати раката во која го држев несесерот каде ја чувам картичката, силно ја стегна и ја свитка носејќи ја зад грбот. Почнав да викам и да барам да ме пушти. Цело време му објаснував оти ја отчукав само мојата картичка, што може да се види од снимките на камерите. Откако после некое време ме ослободи, дојде и директорката Ирена Стерјовска Локвенец и бараа од мене и од колешката Колеска да потпишеме некаква изјава. Ни рекоа дека повикале полиција, после што нѐ внесоа во една просторија која се наоѓа веднаш до портирницата и таму нѐ заклучија“, видно вознемирена раскажува Мирческа.
  • „Непосредно пред неговото доаѓање, откако директорката слушна дека го повикавме адвокатот, нѐ пуштија да излеземе од собата. И двете бевме многу вознемирени и исплашени од тоа што се случи. 6 години сум вработена во Домот, но вакво нешто никогаш не сум доживеала ниту јас, ниту пак било кој друг од колегите. Работите тргнаа на лошо откако за директорка ја поставија Ирена Стерјовска Локвенец. И јас сум исто како и таа членка на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа секогаш кога ќе побаравме прием кај неа за да ѝ кажеме за проблемите со кои се соочуваме на работните места, директорката не сакаше да нѐ прими. Нѐ навредуваше, ни се обраќаше со погрдни зборови, велеше дека сме смрделе, а откако ја поднесовме тужбата, преку претседателот на Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од населбата „Рид“ бараше да се видиме во 4 очи. И јас, исто како и другите колеги со кои ја поднесовме кривичната пријава, ќе ја тераме работата до крај, сѐ додека не дојдеме до правдата“, вели Љубица Мирческа.
  • „После обезбедената медицинска белешка од Итната медицинска помош, вработените добија упат за ортопедија и психијатрија каде им беа констатирани повредите и им беше препишана соодветна терапија. Оттаму заминавме во прилепската Полициска станица од општа надлежност, каде Мирческа и Колеска дадоа исказ за случувањата во ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“. Заради сето ова, против лицето кое ја нападна Мирческа, но и против директорката, ќе биде поднесена соодветна пријава поткрепена со медицинска документација. За настанот ќе биде известено и Основното јавно обвинителство Прилеп, каде се води постапката против Стерјовска Локвенец“, изјави за Публикум адвокатот Стеваноски..

Оливер ги апси ОЛОШИТЕ на Груевци ко ПИЛЦИ, МАМЕТО НИВНО ХОШТАПЛЕРСКО КРИМИНАЛНО : Градоначалникот и кандидат Блажо Велков со службено возило и изборен материјал УАПСЕН во Ново Село

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.В (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично  дело „злоупотреба на службена положба и овластување“  по член 353 став 1 од Кривичниот Законик  на Република Македонија.Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Ново Село, дозволил на вработени од општината да управуваат службено возило без патен налог и во него да превезуваат изборен пропаганден материјал.
На 25.09.2017 година во 19.00 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, од страна на сообраќајна патрола, при редовна контрола било запрено патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Општина Ново Село, а управувано од лицето А.К. од Ново Село, вработен во општина Ново Село, а сопатници биле лицата В.К. и Е.П., исто така, вработени во општина Ново Село. Возачот  не поседувал патен налог за управување на службено моторно возило.
При извршената контрола било констатирано  дека во службеното возило имало изборен пропаганден материјал, кој го натовариле од печатница во Кочани за кандидати градоначалник на општините Ново Село, Босилово и Василево, од една политичка партија. За настанот бил известен  Јавен обвинител, а од страна на Судија на претходна постапка била издадена наредба за претрес на возилотот. При претресот, со потврда за одземени предмети, биле одземени 6000 плакати-изборен пропаганден материјал, а лицата биле лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител.


ВИСТИНСКИ ШОК ЗА ВМРОВЦИТЕ – Откако ГРУЈО и ВМРО-ДПМНЕ ги СВАРИЈА САПУН и откако преку пароли ,,САМО МРТОВ ШИПТАР Е ДОБАР ШИПТАР” ги КОЛЕА и откако правеше ,,ГАСНА КОМОРА ЗА ШИПТАРИ” ГРУЈО лови албански гласови со реклами на албански јазик!!!

На комерцијалните медиуми овие денови може да се сретнат реклами на албански јазик на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со партискиот изборен слоган „Секогаш работа, секогаш Македонија“ и бројот за гласање 13. Gjithnjë punë, Gjithnjë Maqedoni гласи слоганот на албански јазик, емитуван на една комерцијална телевизија.
Партискиот портпарол, Иво Котевски, за „Макфакс“ изјави дека не е првпат партијата да се огласува со реклами на албански јазик во политичка кампања за избори затоа што не ги делат гласачите на Албанци и Македонци. Котевски тврди дека треба да се спроведуваат еднакви политики за сите. „Програмата ќе биде објавена на медиумите што емитуваат програма и на албански јазик“, рече тој. Сметаат дека вака ќе се подобри политичката клима затоа што, според Котевски, моментно имало целосен дебакл, односно помрачување на политиката во државата.
Во неодамнешно интервју лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека некои медиуми ја претставувале партијата во лошо светло, а нив ги претставувале како непријатели на Албанците. „ВМРО-ДПМНЕ нема против користење на јазиците на сите етнички заедници вклучувајќи го и албанскиот. СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта пред локалните избори да понудат закон со кој се зголемуваат правата на начини што се спротивни на Уставот. Тој закон ќе падне на Уставен суд. На тој начин сакаат да измамат албански гласови. Во првата фаза ние не можеме да поднесеме амандмани, но веќе во втора фаза тоа ќе го сториме“, истакна Груевски.

Како што се стеснува кругот околу криминалното раководство, така кај ВМРО-ДПМНЕ расте паниката и стравот

 Зарем ВМРО-ДПМНЕ зборува за непотизам? Никола Груевски едниот братучед го стави за шеф на тајната полиција, другиот братучед за шеф во Царинската управа, кумот за министер за финансии...
ВМРО-ДПМНЕ 11 години континуирано ја ограбуваше државата, го осиромашуваше населението и ги злоупотребуваше државните ресурси. Милионски суми легнаа на нивните сметки, земени од тендери и од провизии.
Функционерите во Владата предводена од СДСМ работат чесно, одговорно и транспарентно. Како и останатите избрани функционери и Драги Рашковски го штити државниот интерес, а огромните суми пари на граѓаните, што се злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ, полека но сигурно, се враќаат во државната каса.



Thursday, September 21, 2017

Груевски ги задолжи граѓаните за криминално да се богати, Владата предводена од СДСМ го намалува долгот

ЕКСКЛУЗИВНО !!!


ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа која не плаќа данок, продолжува да шири лажни вести преку бесмислени математики.

На официјалната веб страница на Министерството за финансии транспарентно се објавени сите информации поврзани со денешната аукција на домашниот пазар на хартии од вредност, но и за нивото и висината на јавниот долг.



Доколку Лилјана Кузмановска го прочитала денешното соопштение објавено од Министерството за финансии, наместо да шири лажни вести ќе знаеше дека утре, Владата на Република Македонија и Министерството за финансии ќе вратат 57.79 милиони евра долг што го наследиле граѓаните токму од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите средства ќе бидат искористени за активности предвидени во Буџетот, во интерес на граѓаните.







Задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат со намалена зачестеност, по поволни услови и транспарентно, што не беше случај претходно.
Разликата е очигледна. Додека ВМРО-ДПМНЕ парите од буџетот ги трошеше за криминални зделки и тендери за богатење на Никола Груевски и фамилијата, Владата предводена од СДСМ одговорно и транспарентно раководи со јавните финансии и повеќе пари од буџетот насочува за потребите на граѓаните и за развој на стопанството!


    Затоа сега драги Николче заедно со твојата таканаречена ФАМИЛИЈА ви следува долг одмор на вашите плацови коишто ќе бидат доволно големи и удобни за секој од вас!!!








А пак на Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева нема каде да им се скриете....Па дури и во дупката од каде што ЦАЦКО ве повикува !!!




Тимот за подобар живот во Прилеп. За сите !!!





Почитувани граѓани, пријатели, 
Сега, на 15 октомври, токму на овие избори, е вистинско време да се обединиме околу идејата на една општина за сите, праведна, функционална, достапна. Ние сме тука да бидеме сервис за граѓаните. Ние сме тука за развој на општината.

Силно верувам дека можеме да го вратиме Прилеп на нозе. Ние сме тука за граѓаните. Да изградиме современа општина и да ги насочиме проектите и парите кон граѓаните. За подобар живот во Прилеп. За сите !!!




 Ние сме тука !!!        














Тимот за подобар живот во Прилеп


                                         
  
                                                        Илија Јованоски

СДСМ со број19 ,ВМРО-ДПМНЕ со број 13 на гласачкото ливче за локалните избори

Се случи жрепката за редоследот во единствената листа на кандидати – редоследот на гласачките ливчиња во Државната Изборна Комисија. Листа на кандидати за членови на совет и листа на кандидат за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини.
Вака ќе изгледа гласачкото ливче:
СДПМ 1
Коалиција алијанса НДП 2
ДУИ 3
Коалиција за Битола ДУИ БЕСА И АЛИЈАНСА 4
ЗАЕДНО ЗА ГАЗИ БАБА ПРЕДВОДЕНА ОД БЕСА 5
НДМ 6
ВМРО-ДПМНЕ 7 во Теарце и Центар Жупа
ДВИЖЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО НА ТУРЦИТЕ 8
АЛИЈАНСА 9
ТМРО 10
ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ 11
ГРОМ 12
КОАЛИЦИЈА НА ВМРО 13
БЕСА 14
ДПА 15
Левица 16
ПДП 17
СОЈУЗ НА РОМИТЕ 18
СДСМ 19
Најдоцна до 21 септември, пак, општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.
Денеска завршува и рокот од пет дена до кога политичките партии ќе можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список. Избирачкиот список во кој се извршени сите промени отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември.





Решенија кои секогаш ќе ја водат државата во насока за подобро утре, за подобар живот, за посилна економија!!!

Ниту една лажна анкета нема да им помогне на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го избегнат извесниот пораз на локалните избори

Лажните анкети спроведени од институтите на ВМРО-ДПМНЕ нема и помогнат на опозициската партија да го избегне поразот на претстојните локални избори. 

Нарачаната лажна анкета со измислени рејтинзи од таканаречениот институт „Димитрија Чуповски“ само го докажува огромниот страв на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од извезниот пораз на изборите.

Сите релевантни анкети го потврдуваат фактот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе претрпат убедлив пораз за нивната криминална, расипничка и деструктивна политика и дека мнозинството граѓани ќе гласаат за нови, одговорни и услужни локални власти предводени од СДСМ и коалицијата и ниту една лажна анкета нема да го смени тој факт.






Monday, September 11, 2017

СДСМ го комплетира тимот со кандидати за градоначалници: Димтириевски во Куманово, Јовановски во Прилеп, Мицевски во Паланка

СДСМ го комплетира тимот со кој ќе настапи на претстојните локални избори. Откако ги промовираше кандидатите за градоначалници на Скопје и скопските општини, социјалдемократите ги избираат адутите со кои ќе ги освојуваат и другитре поголеми општини во земјава.
По три мандати на Зоран Дамјановски, СДСМ одлучи овојпат во Куманово да настапи со пратеникот Максим Димитриевски, кој беше долгоогодишен советник во општината. Тој ќе му се спротивстави на Зоран Ѓорѓиевски, преку кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде за прв пат да ја освои оваа општина.
Владејачката партија во Прилеп, пак, го кандидира директорот на градската болница Илија Јовановски, кој ја доби довербата да го детронизира Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ по три последоветални градоначалнички мандати.
Понатаму, кандидат за градоначалник на Крива Паланка ќе биде Борјанчо Мицевски, на Берово Ѕвонко Пеќевески, на Виница Ивица Димитров, на Делчево Горан Трајковски, на Гевгелија Сашо Поцков, на Кавадарци Бетиан Китев, на Неготино Тони Делков…








Izvor od  revolucionermk.com

Премиерот Зоран Заев најави амнестија на затворениците по посетата на Идризово

Амнестијата на дел од затворениците која се заговараше во предизборниот период ќе се реализира и за тоа биле почнати активности, објави денеска премиерот Зоран Заев кој беше во затворот „Идризово“.
Заев го посети Идризово на „покана“ на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

– Овде нема минимум услови за издржување на казна… Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори со нехумани и супстандардни услови, под секое човечко достоинство. Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура – изјави Заев по обиколката на затворот.
Во „Идризово“, казна издржуваат 1.800 затвореници, а капацитетот на затворот е за 800 луѓе..
Заев изјави дека Владата преку медиумите ќе се обиде да поттикне дебата во општеството за итно подобрување на условите во затворите.
Како една од опциите, за растоварување на пренатрупаноста во „Идризово“, тој ја наведе амнестијата на дел од осудениците, преку укинување на 30 отсто од вкупната казна или преку други за кривичните дела за кои постои таква можност, но, не и за тешките облици на криминал, како педофилија или злостроства против човештвото.
Заев рече дека за амнестијата веќе била почната дебата внатре во институциите.
Според планот, некои делови од „Идризово“ требало да се урнат бидејќи било невозможно да се реновираат









 Izvor od  revolucionermk.com

Револтиран ВМРОВЕЦ од Штип: Јас и уште стотина ВМРОВЦИ од Штип нема да гласаме за криминалецот Илчо Захариев!

И самите ВМРОВЦИ во Штип се бунат против криминалецот Илчо Захариев, и тие велат дека нема да гласаат за него !!!! Погледнете го следното видео!!! 



Линк до видеото ОВДЕ.





 Izvor  narodenglas.com

ТРАОРНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА НА СТАР ЧЛЕН НА ДПМНЕ

Му се извинувам на македонскиот народ во името на мојата партија и се оградувам од постапките на Груевски и оваа гарнитура на ДПМНЕ која ја уништува Македонија за која се боревме на почетокот на 90-тите со многу страст, ризикувајќи ги нашите животи!






 Се јавувам од Австралија моето име Душан Андовски иначе загрижен за се што се случува во Македонија а како еден од постарите членови на ВМРО-ДПМНЕ поточно член од 1992ра а пасивизиран откако Груевци дојдоа на власт, сакам на необичен начин и формално ЈАВНО
да се извинам на грдаѓаните на Република Македонија за политиката на оваа власт во последните 8 години. Македонија е толку назадена од сите аспекти економски, демократски, морално… И од лидер во регионот сега е земја за подсмевање последни сме во се!
Долго размислував дали уопште има смисла на ваков начин да се изрази незадоволство кон владеачката гарнитура па сепак ако процените дека овој момент е потребно, за секоја помош, тука сум.
Инаку нешто за мене: роден сум на 25.11.1957 година во велешкото село Нежилово, завршив средна хемиска во Велес а војно-техничка академија во Загреб, смер технолошки … Магистрирав на Природноматематичкиот факултет во Скопје пред 30 години и тука застанав. ЈНА ја напуштив одма по првиот повик на Владата на Р. Македонија и тоа беше кажано на МРТ. Во АРМ бев до 1997-ма година кога заминувам за Нов Зеланд а потоа дојодов во Аустралија каде и сега живеам со фамилијата.
Значи ако се боревме да падне комунизмот зашто сега треба да молчиме кога во нашата држава има елементи на фашизам И диктатура?! Така што моето обраќање до македонската јавност е следно:
Јас, Душан Андовски како долгогодишен член на ВМРО_ДПМНЕ официјално (30.07/1992 книшка број 27350 попишана од тогашниот генерален секретар Борис Змејковски) со должна почит кон македонските граѓани сакам да се ИЗВИНАМ за СРАМНАТА политика на ВМРО-ДПНЕ кон Македонија и македонскиот народ во моментов.
Како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ секогаш интересите на Македонија и Македонските граѓани сум ги ставал пред моите лични интереси, сум ја градел партијата по цена на мојата кариера. Долго време мислев дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ е некоја моментална слабост на партијата и дека ќе се демократизира, дека сепак ќе преовлада продемократското крило но како одминуваше времето сваќав дека во однос на демократската атмосвера во Македонија е вратена барем најмалку 20 години назназад. Македонија која беше посочувана како лидер во регионот и на источна Европа се претвори во обичен пашалук на 2-3 фамилии и послушниците околу нив додека сите други се за нив предавници.
Сметам дека во Македонија не треба да има неопределени и ако се боревме да падне комунизмот, ако сега комунизмот го споредиме со оваа власт на ДПМНЕ ќе дојдеме до поразителен заклучок дека дури и комунизмот беше похуман и подемократски од оваа гарнитура на нашата света ВМРО ДПМНЕ. Можеби овој текст ке биде сосема необичен и различен од другите, можеби ќе бидам јас едниствениот кој пред да го прогласи власта и ненародниот режим и нивните медиумски трубадури за предавник сам ке го сторам тоа и ќе наведам зашто сакам да бидам предавник:
ЈАС СУМ ПРЕДАВНИК И ЕВЕ ЗОШТО:
1. Ќе ги предадам сите оние новинари кој го лажат македонскиот народ!
2. Ќе ги предадам сите оние лажни патриоти кои задскриени зад патриотизмот ја уништија иднината на Македонија!
3. Ќе ги предадам сите оние кои ги влошија меѓунационалните односи до таа мерка да никој веќе Македонија не ја чувствува како своја!
4. Ќе ги предадам сите олигарси на Македонија кои со помош на пријателството со Груевски преку ноќ станаа едни од најголемите богаташи во Европа!
5.Ќе ги предадам сите судии на било кое ниво кои по налог на власта затвараа новинари политичари и недужни граѓани на Република Македонија само затоа што ја критикувале власта!
6. Ќе ги предадам дел од генаралите од Армијата на Република Македонија кои да дојдат до високи чинови слепо му служат на режимот!
7. Ќе ги предадам високи полициски офицери кои да останат на своите позиции заедно со обавештајните структури на Република Македонија верно му служат на режимот со тоа што прислушкуваат иљадници граѓани на Република Македонија.
8. Ќе ги предадам директорите на државни –јавни претпријатија кои на платен список држат иљадници членови на ВМРО_ДПМНЕ кои никогаш не доаѓаат да работат а зимаат плата од државата
9. Ќе ја предадам целата врxушка на ВМРО_ДПМНЕ која преку ноќ стана Портокалова буржоазија.
10. Ќе ги предадам сите оние кои ги испоганија и злоупотребија демоxристијанските и верските чусвтва на граѓаните за политички цели!
11. Ќе ги предадам сите оние кои наместо обединување на македонските граѓани од сите вероисповести и политички погледи ги поделија на антички, на славомакедонци, на големи македонци, на македончиња, на патриоти, предавници, бугарофили, соросоиди, комуњари итн итн…
12. Ќе ги предадам сите оние кои не раскараа со соседните држави!
13. И на крајот сам ќе се предадам на како велат долгата рака на ВМРО-ДПМНЕ, па како бог ќе ми даде…
Има уште многу области каде што сам се прогласувам за предавник без да се труди режимот и режимската пропаганда да ме прогласат за предавник, се надевам дека ако пола Македонија е прогласена за предавници би бил среќен кога би бил со нив во овие тешки моменти за Македонија не сакам ни формално да членувам во партија која го силува сопствените граѓани затоа од овој момент објавувам дека веќе не сум член на ВМРО ДПМНЕ се до заминувањето на Груевски и неговата клика од врвот на партијата.
Душан Андовски
Во прилог на ова писмо доставувам членска книшка број издадена од ВМРО-ДПМНЕ


Поздрав
 Izvor  narodenglas.com


Sunday, September 10, 2017

МИРКА ПЛАЧЕ РИКА КАКО КРАВА: Леле СДСМ ќе не прегази на локалниве, што ќе правиме, нема чаре, црно ни се пишува, дај да идеме во планина!

Мирка плаче панично на Дудинка, предлага ВМРО-овците да иделе у партизани, готово било, црно им се пишувало на локалниве !!!




Еве дел од колумната....


"Локалните избори во октомври кои ги именувам како бејлиеви ѓоа избори, ке ни донесат локални црпки. Не со помош на реални гласови на постоечки народ туку со помош на инсталирани калемени сливи од овоштарникот на ЦИА. Резулататите уредно ќе ни ги соопштуваат "сливчињата" во ДИК и МОСТ. Гласови и контингенти гласачи ќе организира и транспортира, кутии ќе полни и гласови ќе брои "стафот" и евнусите на Бејли.

  Полицајците гангстери на ќе им утеруваат страв на нормалните гласачи. Брисел ќе ги поздрави и организаторот и победниците. Постизборна правда ќе дели смокварникот, сеедно дали е специјален или "обикновен" во сите инстанци.

  Опозицијата ке џвака во ветер кобајаги во интерес на народниот мир, медиумите  ќе глумат номралност во сопственото трансџендер лудило, интелектуалците и експертите ќе гледаат во небо оти на земјата не можат да и опулат од резил. Како и да е, народот ќе биде единствениот фантом во државата која и онака е веќе фантомска.

  Црно е? Поцрно здравје !!!Затоа и ви велам, никој крај очи нем долго да цапа во мракот. Ќе ни докурчи. Но не е доволно. За акција треба да ни прекурчи.    Како на Господа со Содом и Гомор.
 Но, некои народи на кои им прекурчи не го чекаат Господ, туку сами се организираат за да му поможат.Сиријците, Турците, Боливијците...и многу други останати народи ги почнаа и успешно ги водат борбите против гангстерајот на ЦИА и нејзините инсталации.

  Ако сме спремни за борба, на вистински пат сме. Ако не, значи не ни е прекурчено. Уште чекаме прво да се појави водач, па ние да го следиме. Обратно е. Треба да стане видливо народното незадоволство за да се појави и препознае потенцијален водач.

  Доналд Трамп не стана водач сам по себе. Туку тој прво го согледа количеството незадоволство на американскиот колективитет кое беше пригушено, задушено и невидливо за оние од горе. Го согледа тој потенцијал и се пријави за кандидат за водач. Две години беше на јавна проверка.Кога народот се увери дека е издржлив и решителен, му го даде гласот.


  Истото му се случи на Таип Ердоган, на Мадуро, на Башар ел Асад. Родриго Дутерте го стори истото. Без партија, без естаблишмент и посредничка логистика. Чист и изворен  популизам. Молам !!!


  На такви избори и други дешавки, секој Џес Бејли јаде ќотек како "вол у купус" а сливите и смоквите завршуваат како мармалад."




 Izvor  narodenglas.com





ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВАА БЕДА НА ВМРОВЦИТЕ: Превеле анти-имигрантски постер од Германија, не се ни мачеле да го адаптираат на македонската стварност!!!

 Овој постер е преведен од  ГЕРМАНСКИ  ПОСТЕР НА ДЕСНИЧАРСКИ ПАРТИИ ПРОТИВ ИМИГРАНТИ. Таму имаат големи плати, голема вработеност и бегалците имаат сон да живеат таму, па така им се заканува промена на етнички состав на градовите и ефтина работна рака спремна да работи  за 1000 евра месечно кога просечната плата за Германија е 5000 евра.

Но кој глуп бегалец би работел во Македонија за 200 евра????

 Кој глуп бегалец би се тепал за да работи во текстилните фабрики во Штип и Пробиштип, и во Прилепските фабрики за инсталација  на Мерцедес возилата....?????

Сите трошења досега и во иднина се донација од ЕУ,ООН и САД, во Македонија државата не троши за бегалците, овој постер се однесува за Германија каде сите трошења се од  буџетот на Германија....

Замислете колку е бедна една партија која одново и одново сите политички циклуси ги тера со масовна параноја и страв и тешка манипулација за нешта кои не постојат, што зборува тоа за таа партија, за нејзините вредности,етика, морал, државност ???!!!


Што зборува тоа за политичарите кои ја водат оваа партија?!

Какви се тоа ГАДОВИ, АПАШИ, БАРАБИ, СТОКА РАСИПАНА????!!!!

За што го сметаат тие македонскиот народ , за гомила ментално заостанати дебили??!!!


Тоа се партија составена од ментално заостанати личности кои си мислат дека народот спија и не гледа што се прават!!!



Friday, September 8, 2017

Претседателот Заев за 8.септември: Слободата е одговорност, шанса да бидеме подобри и да ја осигураме нашата заедничка иднина!

Обраќање по повод 8 септември - Ден на независност на Република Македонија,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 08.09.2017



  Почитувани граѓани, почитувани присутни, другари, пријатели, членови, активисти, симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз,

 Да живее слободата на граѓаните на Република Македонија!
Во слободна Македонија,
  Нека ни е среќен и вековит 8.септември, Денот на независна и суверена Република Македонија!

На овој линк можете да го проследите обрајќањето на Претседателот и наш Премиер на Владата на Република Македонија Г-дин Зоран Заев

https://youtu.be/Al06cZtqTms


Ја живееме можноста да ги оствариме своите цели и стремежи, по сопствен избор. Лично независни, без ограничувања.

Ова не е момент. Ова е избор на живот. Слобода. Тоа е првиот чекор кон остварувањето на другите наши цели: економска независност на пример. Европски шанси, на пример.

Чекорот кон слободата и кон шансите заедно го направивме. Исто како што на 8 септември пред 26 години граѓаните масовно, самостојно излегоа на референдумот и избраа независна Република Македонија, и ние во големо мнозинство, сплотени во различностите, со силна верба во вистината и правдата, избравме СЛОБОДА.

“Тајната на слободата е во храброста“, вели еден писател. И да, бевме храбри. И достоинствено е, заслужено е, не е непристојно ако се гордееме, дека покажавме одважност и храброст да се издигнеме над личните интереси и да застанеме зад државните интереси, секогаш кога и е тоа потребно на нашата држава, Република Македонија.

Така беше:

  • Кога одлучувавме за независноста на Македонија во 1991 година со нашиот прв претседател Киро Глигоров пред нас, и премиерот Никола Кљусев кои покажаа како се работи заедно за државните интереси,
  • Кога ја спасивме државата од војна 2001 година,
  • Кога почнавме да го градиме патот кон ЕУ и НАТО во 2005 година,
  • Кога застанавме во одбрана на демократијата 2011 година, 
  • Кога во 2015 ја објавивме Вистината за Македонија.
  • Кога се здруживме, без задршка, оваа 2017 година и на државата и донесовме нова, демократска, отворена, проевропска Влада.


Така е сега, кога ги носиме одлуките за новите перспективи.
И уверен сум, така ќе биде и во иднина кога ќе ги живееме придобивките од тие перспективи.
Затоа што, ако нешто е темел на социјалдемокртаската идеја, тоа е нашето чувство за солидарност и слобода. И бидете горди и на тоа.

И сега ми паѓа на памет она што за Ками е слобода.
Тој напишал: “Слободата не е ништо друго освен шанса да бидеме подобри“.

Во право е Ками. Оваа шанса да бидеме подобри е нашата иднина.

Затоа подаваме рака на сите.
Затоа се отворивме за сите.
Затоа работиме со сите. Затоа. Затоа што слободата што денес ја славиме е нашата одговорност.Затоа што човек е најодговорен кога е слободен. Бидејки можностите се негови и изборот е негов. И последиците од тој избор се исто така негови.

Другари, пријатели, почитувани, граѓани,

Имаме златна шанса да покажеме дека можеме да бидеме подобри. Дека знаеме да бидеме подобри. И дека сакаме да бидеме подобри. И да ја осигураме иднината.

Избравме самостојно слобода, демократија и европски вредности.
Е па тоа значи подготвеност да се видиме во таа иднина.
Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и НАТО.
Реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.
Реални се шансите Македонија да стане 30.земја членка на НАТО.
Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство.

Ги почнавме процесите.
Со зголемувањето на минималната плата, со надоместоците за земјоделците, за стечајците, со намалувањето на давачките, воведувањето на евтината струја, укинувањето на радиодифузната такса, со поддршката за претпријатија, со градењето институции во служба на граѓаните, градењето мостови со соседите, со реформските процеси што ги отворивме, низ инклузивен пристап, со шанса за учество на секој, со политиките на отворени врати кон нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО, ја испративме пораката – ние можеме, знаеме и сакаме да бидеме подобри и заслужуваме да бидеме дел од иднината на напредниот, прогресивен свет.

Затоа, паметот во глава, потребна ни е повторно и мудроста и зрелоста со којашто земјата од генератор на криза ја претворивме во мотор на развој.
Патот е пред нас. Патот е чист.
Демократијата е процес, се надградува, не се поседува. Од нас зависи.
Да ги задржиме трпението и вербата и да ја обезбедиме нашата светла заедничка иднина.

Затоа,
Треба слободно да одучуваме на следните локални избори.
Треба да сме отворени за различностите по која било основа и критичката мисла.
Треба да сме подготвени да работиме и дејствуваме ЗАЕДНО.

И не само што треба, туку мора, ако сакаме успехот да биде целосен.

Владата е достапна, отворена, блиска со граѓаните затоа што произлезе од граѓаните.
Тука сум на настан организиран од Социјалдемократскиот сојуз, претседател сум на СДСМ, но и премиер на сите граѓани.

И вас граѓаните, и вас, моите другари, сопартијци, ве охрабрувам:
Сугерирајте, анализирајте, критикувајте, барајте подобро и стремете се самите да бидете подобри.

Тоа е патот да работиме подобро.
Тоа е патот и да си ги охрабриме младите дека е можен подобар живот во нашата Македонија.

Проблемот не е во критиките. Проблемот е ако нема критика.

Додека човек се бори, значи дека е конструктивен и дека сака да придонесе кон подобро во општество во кое што живее. Такви луѓе ни требаат, такви млади, такви генерации.
Гласни. Енергични. Ангажирани. Активни.

Во заедништвото е иднината.
Во заедничките одлуки.
Во заедничката среќа.

Заедно другари до нови победи за сите нас во нашата преубава, полна со шанси и отворени можности, Република Македонија.

Промените се закон на животот. Обезбедуваме живот. На темелуте на минатото градиме иднина.

Нека ни е честит Денот на независна Република Македонија 8-ми септември! Да живее суверена и самостојна Република Македонија!