За живот во Северна Македонија

Monday, August 28, 2017

Анѓушев: Лага е дека ќе има покачување на електричната енергија

  
Во страв од обелоденувањето на криминалите што кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ги правеле во енергетските компании и во паника од извесниот убедлив пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да пласира лажни вести во кои никој повеќе не верува.
  Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за наводно поскапување на струјата, нема да го смени фактот дека наскоро граѓаните повторно ќе можат да користат дневна евтина тарифа на струјата по два часа секој ден. Токму ВМРО-ДПМНЕсо своето коруптивно владеење ја укина евтината тарифа на струјата преку ден, а цената на електричната енергија ја зголеми за 100% во последните 11 години.
   Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на реформите што го подобруваат квалитетот на живот, носат повисоки плати и обезбедуваат враќање на парите назад кај граѓаните. Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја.



Изјавата на  Кочо Анѓушев 









Скопје, 27.08.2017 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


Милионските штети на автопатите за Груевски се незначајни, Владата ги санира последиците од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

                         Милионските штети


Соопштение за јавност

   Милионските дупки што токму Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги оставија во инфраструктурата, на штета на граѓаните, за Груевски се минимални и незначајни. Бесрамниот Груевски за минимални и незначајни ги прогласи проголтаните 100 милиони евра како и милионските провизии земени токму за автопатот што денеска го посети.
Застојот во изградбата на автопатот Кичево-Охрид е само поради сериозните пропусти и огромни грешки на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Свесно, овие пропусти и крупни грешки со години се криеа од граѓаните и од јавноста.
Затоа Никола Груевски го чека соочување со одговорност за сите криминли во изминатите 11 години.
Во интерес на граѓаните Владата предводена од СДСМ ги надминува напластените проблеми како за овој така и за други патни правци и инфраструктурата во земјава воопшто.
Преку одговорна и посветена работа и преку потпишување на неколку значајни договори во инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ, ја развива и модернизира инфраструктурата и го враќа меѓународниот углед на државата што ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше.











Kоруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ






Скопје, 27.08.2017 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА




Sunday, August 27, 2017

Македонија оди напред, заврши времето на чекање и стоење во место за лично богатење на Никола Груевски

  После 11 години стоење во место, поради режимско, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, Македонија сега оди напред водена од нови политики и вредности.
Заврши времето на чекање, заврши времето на злоупотреба на државата и иднината на земјата ставена исклучиво во функција на криминални апетити на Никола Груевски.
Новата власт предводена од СДСМ ги санира штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се реализираат реформи коишто ја враќаат земјата на евроатланскиот колосек, се спроведуваат мерки коишто ја движат земјата кон прогрес и носат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на платите, зголемување на животниот стандард, подобрување на условите за работа на фирмите.
Македонија не чека повеќе, Македонија оди напред.















Скопје, 26.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Prevzemeno od oficijalnata stranica na SDSM
Copyright © 2017, Социјалдемократски Сојуз на Македонија. Сите права се задржани

Крај за Никола Грујоски и Фамилијата !!!!

             Соопштение за јавностa !!!
    
   После 11 години стоење во место, поради режимско, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски,времето на злоупотреба на државата веќе заврши. Во фокусот на промашените политики на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години беа криминалните апетити на Никола Груевски и неговите соработници, а не граѓаните! Тоа може да се подкрепи и со факти кои ја покажуваат сиромаштијата во нашата држава и оставените долгови. Во изминатите години , имаат оставено широки и многу длабоки последици во целата земја. Злоупотребен избирачкиот процес, каде што од лукративни побуди самата ВМРО-ДПМНЕ останувала на власт и со криминални дејства и уцени ги уценувала финансиерите и правните лица и фирми во Македонија за да добијат финансиски средства за да продолжат да бидат на власт.
Резултатот на горенаведениот текст е....
Крај за Никола Грујоски и Фамилијата !!!!