Почитувани,
Одбројувањето до 17-ти мај, кога започнува големиот натпартиски граѓански протест против криминалното, сурово и насилно владеење на Никола Груевски, ја покажува нервозата и стравот кај нелегитимната власт.
Колку се уплашени Никола Груевски и неговите најблиски соработници, од огромното акумулирано незадоволство кај граѓаните, се препознава по нарачаните прилози во провладините медиуми полни со лаги и измислици за најавениот мирен граѓански протест.
Ниедна лага не може да ја победи
вистината и ниедна конструкција нема да ја намали решителноста на граѓаните преку протест да му ја испратат порака на Груевски.
Add caption |
Големиот, натпартиски граѓански протест на 17-ти мај ќе биде мирен и достоинствен но со силна и моќна порака дека за стабилна и безбедна Македонија Никола Груевски мора да си замине!
No comments:
Post a Comment