За живот во Северна Македонија

Wednesday, May 13, 2015

НЕРВОЗА И СТРАВ КАЈ НЕЛЕГИТИМНАТА ВЛАСТ

                         Соопштение за јавност 

      Почитувани, 

О
дбројувањето до 17-ти мај, кога започнува големиот натпартиски граѓански протест против криминалното, сурово и насилно владеење на Никола Груевски, ја покажува нервозата и стравот кај нелегитимната власт.


Колку се уплашени Никола Груевски и неговите најблиски соработници, од огромното акумулирано незадоволство кај граѓаните, се препознава по нарачаните прилози во провладините медиуми полни со лаги и измислици за најавениот мирен граѓански протест.
Ниедна лага не може да ја победи 

вистината и ниедна конструкција нема да ја намали решителноста на граѓаните преку протест да му ја испратат порака на Груевски. 
Add caption

Големиот, натпартиски граѓански протест на 17-ти мај ќе биде мирен и достоинствен но со силна и моќна порака дека за стабилна и безбедна Македонија Никола Груевски мора да си замине